Home Актуелно Апелација ја одби жалбата: Уредничката од Сител Ивона Талевска останува без пасош

Апелација ја одби жалбата: Уредничката од Сител Ивона Талевска останува без пасош

Уредничката на телвизија Сител, Ивона Талевска останува без пасош, бидејќи Апелациониот суд ја одби нејзината жалба.

Пасошот на Талевска и беше одземен откако Кривичниот совет и одреди мерка на претпазливост по барање на Специјалното јавно обвинителство.

Иако Талевска на седницата се жалеше дека има потреба од патувања поради природата на нејзината работа како новинар и уредник, сепак судот смета дека Талевска може да избега ако не и биде земен пасошот.

Таа е обвинета за даночно затајување во случајот Тифани и има обврска еднаш месечно да се јавува во Суд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…