Антикорупциска ја усвои новата стратегија за спречување на корупција – истата ја предадоа до Собранието


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антикорупционерите ја усвоија нова петгодишна стратегија за спречување на корупцијата и судир на интереси. Документот ги лоцира најризичните коруптивни точки во сите општествени сфери – од политика до образование, екологија и спорт и дава конкретни препораки до носителите на државните фунцкии, пренесува 24 Вести.

„Главните цели на стратегијата се зголемувањена нивото на политичката одговорност, но и свесното управување со политичкото влијание во јавниот сектор и спречување на политичко влијание врз независните тела и во постапките регулирани со закон.“ – изјави Билјана Ивановска – претседателка на ДКСК.

Фокусот на стратегијата го ставаат кај вработувањата во јавниот сектор и јавните набавки, политичкиот систем, одбраната, правосудството што според антикорупционерите генерираат најголем ризик од корупција. Антикорупционерите велат тие ја покажале својата професионалност и очекуваат тоа да го направат и другите институции и да добијат подобри услови за работа.

„Дали нависитна се сака да се поддржи оваа институција со сите активности што ги презема или повеќе се сведува на вербална поддршка, но снаоѓајте се вие како знаете. Така да очекуваме наавистина зголемена поддршка.“ – вели Владимир Георгиев – член на ДКСК.

Стратегијата за борба со корупцијата му ја предадоа на претседателот на собранието Талат Џафери, а претениците треба да ја усвојат. Сo ова, според антикорупцинерите се завршува најлесниот дел од процесот – a сега останува да се спроведе во пракса.