Home Актуелно Анкета на „Фактор“: Генерално, мнозинството граѓани на Македонија имаат став за референдумот

Анкета на „Фактор“: Генерално, мнозинството граѓани на Македонија имаат став за референдумот

Според направената анкета од страна на бизнис порталот Фактор.мк, која се базираше на одговори на едноставното прашање: „Дали сте доволно информирани за да формирате личен став во врска со референдумот?“, од досега дадените одговори на прашањето најголем процент од анкетираните (81%) одговорија дека се информирани во врска со референдумот, и дека имаат доволно информации за да изградат сопствен став по ова прашање.

Само 10% од анкетираните покажаа индиферентност по ова прашање, сметајќи дека темата не ги интересира.

Од Фактор.мк изјавуваат дека високиот процент на луѓе кои имаат сопствен став, е резултат на инволвираноста на граѓаните во општествените случувања во земјава. Дека тие не се рамнодушни по референдумското прашање, дека имаат став кој го имаат изградено по сопствено убедување, и врз основа на информациите кои ги имаат. Во целиот овој процес чувство на сигурност и доверба обезбедува ДИК државната изборна комисија, која ги спроведе сите неопходни активности со цел да се обезбеди фер и демократки процес на изјаснување по ова прашање.

Од ДИК потенцираат дека гласањето е слободно и тајно, право на глас има секој полнолетен државјанин на Република Македонија што е запишан во избирачкиот список.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…