Ангеловска тврди дека „Мој ДДВ“ вроди со подобрена наплата на данокот за 11 отсто


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерката за финансии Нина Ангеловска во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ изјави дека наплатата на ДДВ е подобрена за 11% во првото полугодие од спроведувањето на МојДДВ.

Ангеловска вели дека подобрувањето на наплатата на ДДВ е показател дека мерката дава резултати во сузбивањето на сивата економија, а 260.000 граѓани-контролори за истото добиваат награда преку поврат на ДДВ, но и преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.

-Cost benefit анализата покажува дека МојДДВ е успешна мерка која дава резултати. МојДДВ е мерка за стимулирање на наплата на приходите, како резултат на данокот на додадена вредност, и меѓу другото да ги награди граѓаните со поврат додека се контролори и ги бараат фискалните сметки. Ако ги земете шесте месеци од јули до крајот на годината од воведување на мерката, 7 милиони евра биле вратени назад кај граѓаните. Околу 260.000 граѓани скенираат сметки, тоа се 260 илјади контролори на кои сме им вратиле средства. Наплатата на ДДВ е зголемена за 11% во шесте месеци откако е воведена мерката во споредба со лани периодот. Cost benefit анализата покажува дека ако би бил нормален раст од 6% без мерката – што не е толку, бидејќи просекот е 3,5% на раст на ДДВ во последните 10 години, со мерката се доолнителни 23 милиони евра приходи прибрани како резултат на МојДДВ. Значи со 7 милиони евра, сме имале ефект од 23 милиони евра – вели Ангеловска.

Ангеловска посочи дека преку гемификацијата, во извештаите на Европската комисија е цитирана како една од најдобрите мерки за справување со сивата економија. Граѓаните кои скенираат сметки имаат трикратна корист – помагаат во сузбивање на сивата економија, што ќе придонесе во иднина да добиваат подобри јавни услуги, добиваат поврат на ДДВ и добиваат можснот за награда преку наградата игра МојДДВ #МојаНаграда.