Home Актуелно 1.000 турски специјалци ќе спречуваат враќање на мигрантите од Грција во Турција

1.000 турски специјалци ќе спречуваат враќање на мигрантите од Грција во Турција

1.000 турски специјалци се распоредени на турско-грчката граница со цел да го спречат враќањето на мигрантите во Турција од страна на грчките граничари, соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, пренесува „Дејли сабах“.

„Само од Едрене во Грција преминаа 139.070 бегалци. Грција се обиде да врати со помош на Фронтекс 4.800 бегалци во Турција. За да го спречиме тоа, на границата се распоредени околу 1.000 специјалци. Во судирите на границата се повредени 164 бегалци, кои сега се хоспитализирани,“ рече Сојлу.

Според Сојлу, вестите што ги шират грчките власти и медиуми, за бројот на бегалци кои преминале од Турција во Грција не се точни.

По влошувањето на ситуацијата во сириски Идлиб, Турција најави дека веќе нема да го спречува мигрантскиот бран и ги отвори своите граници кон ЕУ, по што кон Грција тргнаа илјадници мигранти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…