Американскиот Национален архив објави запечатен транскрипт: Еве какво ветување му дал Клинтон на Јелцин во 1993 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот претседател на САД, Бил Клинтон, за време на разговорот со првиот руски претседател по распадот на СССР, Борис Јелцин, ветил дека ќе работи на „блиска соработка“ со Русија во период кога неговите соработници го квалификуваа постсоветскиот простор како „најопасниот политички хаос“. Ова го потврдуваат досега запечатените документи кои сега ги објави Националниот архив на САД.

Имено, во новодекласифицираните документи на Американскиот национален архив се наоѓа и транскриптот од телефонскиот разговор меѓу двајцата поранешни лидери, кој бил воден на 23 јануари 1993 година.

Првиот руски претседател му честитал на американскиот колега за инаугурацијата, неколку дена по церемонијата.

„Сигурен сум дека заедно ќе воспоставиме најблиска можна соработка меѓу САД и Русија“, му порачал своевремено Клинтон на својот руски колега.

Истовремено, тој додал декаа во тешките времиња за евроазискиот континент, Москва и Вашингтон треба да соработуваат.

Клинтон рекол и дека е неопходно да се започне со работа за да се постигне напредок во Договорот за намалување на стратешкото офанзивно оружје.

Покрај тоа, Клинтон му рекол на Елцин дека Строб Толбот, кариерен дипломат и експерт за Русија, е задолжен за оценување на програмата за соработка меѓу Вашингтон и Москва.

Според друг документ, Толбот ги карактеризира Русија и поранешниот Советски Сојуз како „најголем и најопасен политички хаос на Земјата“.