Home Актуелно Американски турист до смрт претепан на Закинтос

Американски турист до смрт претепан на Закинтос

Американски турист починал како резултат на повредите добиени од претепувањето од страна на српски туристи и на еден Грк. Нападот се случил во кафе бар на грчкиот остров Закинтос, а му претходела расправија меѓу група Американци и група Срби. И двете групи биле под дејство на алкохол.

Околу 3:15 часот вчера, близу локалот Бар код во Лаганас, српските гости заедно со грчкиот бармен и обезбедувачот Британец со српско потекло го претепале 22годишното момче од Тексас. Откако излегол од локалот, го фатиле на 20тина метри од излезот и го удирале и го клоцале околу половина минута. Неговите придружници кои излегле да му помогнат, не успеале да го одбранат. Потоа бил префрлен во болница со тешка рана на главата, но докторите не можеле да го спасат.

Полицијата ги уапсила барменот Грк и обезбедувачот на кафулето, кој е Србин со британско државјанство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…