Home Актуелно Американска правда ќе ја истражува ФБИ истрагата за руското мешање во изборите на САД

Американска правда ќе ја истражува ФБИ истрагата за руското мешање во изборите на САД

Американското Министерство за правда му довери на својот главен инспектор да истражи дали имало неправилности или политички мотиви во начинот на кој ФБИ ја водел контраразузнавачката истрага на луѓе осомничени за дослух со руски агенти, а заради интервенција во претседателските избори во 2016 година, пренесува Нова ТВ.

Министерството го најави ова откако вчера претседателот Доналд Трамп напиша на Твитер дека ќе побара Министерството да испита дали ФБИ инфилтрирало свои луѓе во предизборната кампања со политички цели. Претседателот, исто така, сака да испита дали таквите дејства биле побарани од владата на Барак Обама.

Според весникот „Њујорк тајмс” ФБИ му наложил на информатор да се сретне со две лица од кампањата на Трамп – Картер Пејџ и Џорџ Пападопулос, во рамки на истрагата за можните врски на овие луѓе со Русија.

Пратениците од Демократската партија ја обвинуваат Белата куќа и републиканците дека всушност се обидуваат да го дестабилизираат специјалниот обвинител Роберт Малер, кој речиси една година истражува евентуален договор помеѓу Москва и предизборниот тим на Трамп.

Конгресменот демократ Адам Шиф, член на комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом, вчера изјави дека тврдењата на претседателот за некаков „шпион” во неговата кампања се апсурдни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…