Amazon ги повлече божиќните украси со слики од Аушвиц


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Amazon ја повлече од продажба серијата „божиќни украси“ на кои беа прикажани слики од бившиот концентрационен логор во Полска, озлогласениот Аушвиц-Биркенау.

Овој потег следеше откако полскиот Меморијален центар „Аушвиц“ објави на Твитер апел да се тргнат производите „кои се вознемирувачки и омаловажувачки“. Тие вклучуваат украси за новогодишни елки, отворачи за шишиња и подлоги за компјутерски глувчиња, пренесува ВВС.

Сите предмети имале прикажано сцени од нацистичкиот логор на смртта во кој милиони луѓе беа убиени од страна на германските фашисти во Втората светска војна.

Божиќните производи содржеа слики од Аушвиц, вклучително и железничката пруга која води до озлогласените врати, оградата од бодликава жица и зградите во кои биле сместувани жртвите – главно Евреи.

Меморијалниот центар и музеј подоцна објави нов твит во кој се наведува дека предметите се тргнати и се заблагодари на корисниците на социјалните мрежиу за нивната „активност и реакција“, после што објавата привлече илјадници твитови.