Home Шоубизнис Александра Јанева со прва авторска песна

Александра Јанева со прва авторска песна

На неполн месец од промовирањето на последниот сингл „Срце отвори” поп-пејачката Александра Јанева денес објави уште една нова песна.

Текстот на песната „Одговор” е на Александра, а зад музиката се потпишуваат заедно со Тино Стојановски. На аранжманот работеле со продуцентот Иван Јованов Iwayo. Видеото е изработено од Pinestel продукција.

„За мене „Одговор” е една нова страна во музиката. Премолчувањето станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства. „Одговор” е за изневерената толеранција, доверба, љубов”, вели пејачката за своето прво авторско дело.

Песната ќе се најде на деби-албумот на Јанева насловен „Срце отвори”.

https://www.youtube.com/watch?v=Q9Fx7IIgFjc

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …