Home Спорт Алегри јавно призна дека е разочаран од големата ѕвезда

Алегри јавно призна дека е разочаран од големата ѕвезда

Јувентус ова лето го донесе во Торино бразилскиот репрезентативец Даглас Коста, кој требаше да биде големо задилување за „старата дама“.

Бразилецот пристигна од Баерн Минхен за трансфер вреден 46 милиони милиони евра, но не ги оправда очекувањата на почетокот од сезоната.

Даглас Коста до сега одигра осум натпревари, на кои не успеа да постигне гол, но и да запише асистенција, што всушност требаше да биде негова главна задача.

Алегри во италијанските медиуми јавно го критикуваше ангажманот на Даглас Коста и изјави дека не е 100% подготвен.

„Даглас треба повеќе да се ангажира во одбрана. Во моментов не ги исполнува моите очекувања, но тоа е нормално бидејќи се уште не е 100% подготвен и ова е нова средина за него“, изјави Алегри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…