Home Спорт Аларм во Барселона: Дефанзивец во јануари по секоја цена!

Аларм во Барселона: Дефанзивец во јануари по секоја цена!

Раководството на Барселона мора брзо да реагира и сигурно да донесе еден дефанзивец во зимскиот преоден рок.

Барселона има големи проблеми во дефанзивната линија, откако после Самуел Умтити се повреди и Томас Вермален.

Каталонците очигледно премногу лесно се откажаа од Јери Мина, па сега перимарна цел во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец.

Првата и најголема цел, Де Лихт од Ајакс нема да може да биде купен во јануари, па каталонскиот клуб мора да најде друго, привремено решение.

Шпанските медуми тврдат дека мета се два стопери од Примера и тоа, Унаи Нињес од Билбао и Дакунам од Гетафе.

Дакунам импресионираше оваа сезона и е на мета на многу клубови од Примера, а во договорот има откупна клаузула од 35 милиони евра.

Од друга страна Нуњес кој има само 21 година, оваа сезона не добива голема минутажа во Билбао, па каталонците во него гледаат привремено решение на проблемот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…