Home Актуелно Со акцизата поскапува и дизелот – еве кои се бројките

Со акцизата поскапува и дизелот – еве кои се бројките

На 25 декември, оваа недела, нафтата го имаше последното поскапување кое беше донесено со одлука на Регулаторната комисија. Од 1 јануари, 2018 година, дизелот поскапува за 3,5 денари поради воведување на повисока акциза за нафтата.

Според тоа, новата цена на Еуродизелот на 1 јануари треба да изнесува 58,5 денари за литар.

Нова цена, пак, ќе има една недела потоа после божикните празници кога Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе нова редовна одлука за определување на највисоките цени на нафтените деривати.

– Препораките од ЕУ се дека овие акцизи треба да бидат 0,33 евроценти, а кај нас изнесуваше 0,20 евроцентри. Со зголемувањето ќе биде 0,26 евроценти, посочуваа од Владата при најавата за зголемувањето на акцизата на дизелот.

Оценуваа дека и со ова зголемување цената на еден литар нафта ќе остане најниска во регионот.

Причина за зголемување на акцизата, како што наведуваа од Владата е согласно препораките на Европската Унија, да се дестимулира употребата на дизел горивата за да се намали загaдувањето на животната средина.

Приходите што се планирани во Буџетот за 2018 година од зголемувањето на акцизата за три денари изнесуваат 1,6 милијарди денари и од ДДВ од продажба на дизелот за околу 350 милиони денари.

Ова за годинава се единствените даночни промени. Во 2019 година треба да следат промените за прогресивно оданочување кај персоналниот данок.

Парите од акцизата треба да се трошат за капитални проекти во образовнието, за детските градинки, библиотеки, рамномерен регионален развој, капитални инвестиции во општините, здравство и други сфери, а со цел да не се зголеми дополнително јавниот долг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…