Home Актуелно Акција на специјалната единица Тигри во велешкото село Бузалково – апселе лице кое се бара со потерница

Акција на специјалната единица Тигри во велешкото село Бузалково – апселе лице кое се бара со потерница

Во велешкото село Бузалково полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и специјалната антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода М.А.(30) од Бузалково.

Тој бил осуден на казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти” по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување една година и два месеци од казната, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во установата на доиздржување на казната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…