Home Актуелно Акција: 33 возачи под дејство на алкохол, 28 со прекумерна брзина

Акција: 33 возачи под дејство на алкохол, 28 со прекумерна брзина

Во периодот од 23.00 часот на 21.09.2019 до 05.00 часот на 22.09.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Притоа, кај 33 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани. На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи. Откриени се и 48 останати прекршоци, при што се издадени 26 прекршочни платни налози и 22 мандатни платни налози.

Во периодот од 05.00 до 24.00 часот на 21.09.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе и акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење.

Притоа, сторени се вкупно 28 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни. Откриени се и 23 останати прекршоци, за кои се издадени 16 прекршочни платни налози и седум мандатни платни налози. Во периодот од 22.00 часот на 21.09.2019 до 05.00 часот на 22.09.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје со специјално возило „пајак“ подигна 43 погрешно паркирани возила.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…