Актерите од „Big Bang Theory“ го одбележаа крајот на серијата: „И понатаму ќе се дружиме“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Свеченоста на која сите главни актери од наградуваната популарна ТВ серија „The Big Bang Theory“ оставија свои отисоци во цементот пред историскиот Chinese Theatre во Њујорк, го одбележаа крајот на серијата која ќе престане да се снима после 12 одлични сезони.

Џони Галецки, кој во серијата го глуми Леонардо, Џим Парсонс (Шелдон Купер), Кејли Куоко (Пени), Сајмон Хелберг (Хауард Воловиц), Кунал Најар (Рај Кутрапали), Мајим Бјалик (Ејми Фара Фаулер) и Мелиса Раух (Бернадет) со своите отисоци на плочникот означија крај на серијата, чија последна епизода, од вкупно 279 снимени, беше завршена со снимање еден ден претходно.

„Престанавме да снимаме, но ние седуммина и понатаму ќе се дружиме. Оваа серија беше благослов за сите нас и таа секогаш ќе живее во нас“, изјави Парсонс. Пред две години беше иницирана и „спин-оф“ серија под наслов „Младиот Шелдон“, во која беше филмувано детството на главниот лик од „The Big Bang Theory“ во Тексас.

„The Big Bang Theory“ беше лансирана од страна на CBS и веќе долго време беше најгледана комедија во САД. Во деветтата сезона, една од епизодите имаше рекордна гледаност од 20 милиони гледачи. Серијата освои вкупно 10 престижни Emmy награди.