Мали трикови, големи ефекти: три едноставни навики кои можат да ви го продолжат животот и да донесат чувство на целосна рамнотежа
Понекогаш, ниту здравиот стил на живеење не оди секогаш лесно. Така и Емили А. Френсис, денес позната авторка и велнес експертка, доживеала целосен пресврт на само 25 години. Години водела фитнес часови, но потоа анксиозноста и паничните напади целосно ја презеле контролата. Дојде до точка кога веќе не можела ни да излезе од дома – а камоли да држи тренинзи.
Наместо да се откаже, се свртела кон длабоко и целосно исцелување. Не било лесно – и требале ѝ цели седум години истражувања, експерименти и разни методи – од класична терапија, преку исхрана, па сè до средби со шаман! Секој чекор бил дел од сложувалка која ја водела кон искреното оздравување и кариера во која денес им помага на другите.
Ако и вие сакате да се чувствувате посилно, поздраво и поисполнето – еве три нешта со кои вреди да започнете веднаш.
1. СЛУШАЈТЕ ГО СВОЕТО ТЕЛО
Колку пати сте се убедиле дека нешто „не е важно“ и сте го потиснале? Сепак, телото помни сè – и убави и тешки моменти. Науката потврдува дека траумите и стресот можат да останат „запишани“ во ткивата и нервите, дури и кога свесно се заборавени.
Тоа објаснува зошто некогаш чувствуваме болка или напнатост, а немаме поим зошто. Терапиите кои работат на поврзување на телото и умот покажале извонредни резултати кај луѓе со анксиозност или ПТСП.
Затоа, одвојте време и слушајте ги сигналите кои ви ги испраќа сопственото тело. Тие се мапа кон поздрав и поисполнет живот.
2. БИДЕТЕ ОТВОРЕНИ ЗА РАЗЛИЧНИ ПАТИШТА КОН ИСЦЕЛУВАЊЕ
Не постои само еден рецепт за здравје. Во потрага по решенија, Емили комбинирала сè – од традиционална медицина, преку физиотерапија и масажи, па до духовни практики и алтернативни исцелители.
Пораката е јасна: секој човек има свој уникатен пат. Некому ќе помогне терапија и медикаменти, на друг – медитација, јога или промена на исхраната. Често, најдобро делува комбинација од неколку пристапи. Да, тоа бара време и трпеливост – но вие вредите толку многу.
3. НЕ ЛЕКУВАЈТЕ САМО СИМПТОМИ – ТУКУ ЦЕЛОТО СЕБЕ
Вистинската промена почнува кога ќе сфатите дека здравјето не е само отсуство на болест, туку рамнотежа на телото, емоциите, енергијата и духот.
Емили посочува нешто многу важно: мозокот и умот не се исто. Мозокот е физички орган полн со хемиски процеси. Умот е просторот каде што живеат вашите мисли, чувства и однесување. Заради тоа, понекогаш е потребен различен пристап – понекогаш медицински, понекогаш енергетски или духовен, а најдобро кога ќе ги споиме.
Кога ќе се насочите кон сите аспекти од вашето битие, се отвора патот кон целосно и трајно исцелување.