Ако овие работи ги знаете, вас ви претстои долготрајна и среќна врска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога ќе се најдеме на почетокот на новата врска, не понесуваат емоциите и еуфоријата, и можеби не поставуваме прашања кои би требало. Како врската одминува, би требало да ги дознаеме одговорите на овие прашања, бидејќи се значајни за тоа дали нашата романса ќе опстане.

Терапевт за парови открива шест прашања за партнерот или партнерката на која би, по околку една година од врската, би требало да ги знаете одговорите и да се согласувате со нив, ако сте во здрава и среќна врска.

Што е врска?

И тоа што е лично, по сфаќањето на партнерот или партнерката. Што значи моногамијата за нив? Какво однесување е прифатливо, а какво можеби не е? Не мислиме на големи и јасни проблеми, како што е неверство, туку влегувањето на емотивен план.

„Веројатно по една година знаете каков е погледот на вашиот пернтер на љубовта или неверството, но потребни ви се прецизни информации за тоа што за неа или него е посветеноста, и што се подразбира. Не сакате изненадувања на овој план“, вели психотерапевртката за парови, Марни Фојерман.

Како ја доживува расправијата?

Во секоја врска постојат недоразбирања, но важно е да знаете како тие се „процесираат“.

„Како друга личност реагира на сопствените или вашите чувства во моментот кога не се согласувате: За врската да опстане, тоа мора да го знаете и тоа пожелно, однапред. Дали продолжуваат со разговор, или се повлекуваат во себе, или пак збеснуваат? Важно е да ви поклопуваат емоционалната интелегенција и начинот на размислување, за заедно да може да пребродите се што се однесува до несогласувањата или проблемите во врската“, наведува австралиската терапевтка за парови, Ајзеја Мекими.

Дали сте компактибилни во креветот?

Нагонот на интомност се менува со годините, но мора да биде компактибилен во основата за врската да има потенцијал. Њујорк Тајмс порано откри дека околу 15% од венчаните парови немале интимни односи во последните шест од 12 месеци, не сакате са бидете меѓу нив.

„Ако желбите на овој план не ви се поклопуваат, настанува голем простор за незадоволство. Паровите во здравите врски не смеат да се плашат од разговор на оваа тема, ниту да се штедат – дознајте што сака другата личности и потрудете се да ужувате заедно на начин на кој и на обајцата ви е пријатно“.

Го знаете ли јазикот на љубовта?

Познавате ли добро, и дали го разбирате јазикот на љубовта на вашиот партнер или партнерка? Во прашање е начинот на кој комуницира, односно дава и прима љубов.

„Често на терапија доаѓаат парови кои меѓусебно се обвинуваат, дека другата страна не се труди доволно, не пружа поддршка и не ги бодри. Многу често, утврдуваме дека всушност не го знаат јазикот на другиот, и се разликуваат. Начинот на кој интуитивно покажуваме љубов, не мора да биде оној начин на кој партнерот најдобро ќе реагира“, наведува Мекини.

Пример – еден од партнерите примарлно комуницира во љубовта со убави зборови или поддршка. На таквиот партнер му е многу значајно на ист начин да му возвратите, така да им кажете дека ги сакате или да им оддржите говор на поддршка кога се нерасположени.

Кога ќе запне, дали е тука?

Кога настанува проблем за кој ви се чини дека вие самите немате решенија, важно е да знаете дали обајцата сте подготвени на него сериозно и активно да работите. Можете и на терапија ако сакате, ако не, понекогаш разговорот со пријателите е доволен да се чувствувате малку подобро и да ги процесуирате работите на поинаков начин. Во секој случај, ова ќе запали само ако двајцата сте спремни да работите на себе и вашата врска.

Каде се гледа себеси за пет години?

Ако мислите дека вашата врска има потенцијал да биде сериозна и долговечна, би било пожелно долгорочните планови да ви се поклопуваат. Ова се однесува и на кариерата, работата, местото во кое ќе живеете, бидејќи не сакате таквите детали да ја загрозат вашата љубов.