Home Актуелно Академик Катица Ќулавкова добитничка на меѓународната поетска награда „Антево слово“

Академик Катица Ќулавкова добитничка на меѓународната поетска награда „Антево слово“

Академик Катица Ќулавкова е добитничка на првата награда од меѓународниот поетски конкурс „Антево слово“ за 2018-2019 година, кој се одржува во италијанска Сицилија.

По објавениот повик за испраќање песна по слободен избор за учество на вториот меѓународен конкурс и доделување на наградата „Антево слово“, се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија со своите дела.

Наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“, која се одржува секоја година во градот Каникати на Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело ла Векија“ е создаден со цел да се прослават и овековечат преку „Возвишената поезија“ духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доаенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/литературната област во Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал Анџело ла Векија, односно: Томислав Османли, Геро ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски одлучија да ги номинираат сите триесетина автори, а со тоа и застапат сите оние кои беа претходно објавени на страната на Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“.

Песната „Eпистулa до Јулија, ќерката на Октавијан“ на проф. Катица Ќулавкова е компаративна поетска лирика која освен што нуди историографско патување, доловува емоционален авторски бран што ги текстуализира и истражува основните битови прашања на постоењето. Таа умешно и со доза на нежност ги обмислува преку поетскиот глас исконските, суштински догледи, еманципирачки и со длабок вознес.

Вората награда ја доби Ѕвонко Танески, а третата ја делат Раниа Орфанакоу од Грција и Александра Велинова. Специјални награди за учество добија и Александар Наумоски, Наташа Сарџоска и Филип Фиданоски. Доделувањето на наградите, проследено со поетски читања во спомен-собата на Анте Поповски во Македонија ќе се реализира во втората половина на февруари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…