Home Спорт Агентот на Бејл повторно го шокира Реал Мадрид

Агентот на Бејл повторно го шокира Реал Мадрид

Агентот на Герет Бејл беше категоричен дека неговиот клиент не може да го напушти Реал Мадрид ова лето.

Реал Мадрид јавно му соопшти на Бејл дека нема да смета на него наредната сезона, но Велшанецот не сака да се откаже ниту од цент од својата голема плата, па одбива да си замине.

Во последниве денови, има информации дека Велшанецот може да се пресели во Интер или Баерн Минхен, но агентот категочно ги негираше таквите тврдења.

„Тоа едноставно не може да се случи. Тој има договор до 2022 година и нема да оди никаде, спремен е следната недела да ги започне припремите. Има прекрасен живот и дом во Шпанија, ќе остане во Реал и ќе му биде на располагање на Зидан“, изјави Џонатан Барнет.

https://youtu.be/pEkJZOEG784

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…