Advertisements
Актуелно

Аеродромци гневни на Марин: Блокираа булевар, пробаа и да ги урнат градежните тараби

Гневот и револтот кај жителите на скопската населба Аеродром еруптираше кога на зелената парцела која ја красеше околината на Мајчин дом завчера пристигнаа багери кои почнаа да го подготвуваат теренот за градежни работи.

Граѓаните бесни на градоначалникот Златко Марин обвинуваат дека прави еколошка катастрофа и му бараат оставка, а тој пак за да ги смири вели дека е на нивна страна и за состојбата ја обвини поранешната гарнитура. Марин вели дека спорниот ДУП каде што е предвидено да никне висококатница е донесен без никаква дебата од ВМРО ДПМНЕ, пренесува Фактор.

„Зграда пред Мајчин дом не треба да има. Фактите се дека претходното раководство на Општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој ДУП без најава и без дебата. Ние направивме ревизија, а пред Уставниот суд се доставени 13 претставки по однос на ДУП-оти. Аеродром до судот ги достави и сите потребни документи, но до денеска нема одлука, Уставен суд ниту го стави ДУП-от во мирување, ниту го поништи“ – кажа аеродромскиот градоначалник.

Голем број граѓани изглегоа на протестот на кој состојбата ескалираше со удирање по поставените тараби и извици „Криминалци, мрш од Аеродром“.

Инвеститор на зградата која се подготвува да се гради е Сопственикот на Друштвото за угостителство и трговија ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје Фатмир Етеми.

Како што пишуваше „Фактор“ тој пред пет месеци влезе во надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.

Тој е актуелен градежник, поранешен пратеник и носител на партиски функции од Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија – Народна демократска партија (ПДПА-НДП).

Advertisements
To Top