Адвокатот на „Бетмен велит“ и Владо Јовановски: Сториле тероризам со зборови, а не со дела


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Адвокатот Дончо Наков, кој во судскиот процес против осомничените лица за крвавиот четврток во Собранието на 27 април ги застапува Љубен Арнаудов, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Абдуљфета Алими, за Илиевски и Јовановски вели дека сториле тероризам со зборови, а не со дела, а начинот на чинење на кривичното дело тероризам е направен со несторување, пренесува Мкд.мк.

Адвокатот Наков во воведниот говор пред судот нагласи дека ќе докаже дека ниту еден обвинет не презел општо опасно дејствие или чин на насилство и дека кај неговите штитеници не постои ниту намера, ниту умисла за сторен тероризам.

Основната позиција што го држи ова дело во правна форма адвокатот Наков смета дека е постоењето на координација меѓу групата, а такво нешто, според него, не постои. Мотивот за сторување на кривичното дело тероризам, според обвинението, е наводното спречување на избор на претседател на Собранието, а следствено на тоа обвинетите се гонат за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и уставниот поредок“.

Според Наков, намерата не се остварила, бидејќи избраниот претседател Талат Џафери седи во кабинетот, е назначен на функција и сѐ уште е актуелен собраниски спикер. Тврдењето дека четворицата обвинети што ги застапува адвокатот Наков не сториле тероризам бранителот го поткрепи и со фактот дека ниту еден од овие обвинети досега не е осудуван. За секој поединечно пред судот Наков даде кратко соопштение за личноста на обвинетите.