Адеми се враќа во репрезентацијата – повикан за Лихтенштајн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аријан Адеми после двегодишна суспензија конечно ќе се врати на терените, а првиот натпревар најверојатно ќе го одигра за македонската репрезентација.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, специјално го повикал Адеми за квалификациските дуели на почетокот на октомври.

Бидејќи двегодишната суспензија завршува на 7 октомври, Адеми нема да смее да настапи на гости кај Италија, еден ден порано, затоа камбекот би требало да биде на 9 октомври, против Лихтенштајн во Струмица.

Аријан Адеми на почетокот на август започна да тренира со соиграчите од Динамо, а првиот натпревар за Динамо најверојатно ќе го одигра на 14 октомври против Осиек.

Адеми за Македонија има одиграно четири натпревари, но хрватските медиуми пренесуваат дека се уште не се знае дали ќе го прифати овој повик на Ангеловски.