Вебкафе

А дали било само сон: На спиење го голтнала вереничкиот прстен поради луда причина

Американката Џена Еванс од Калифорнија мораше да се подложи на оперативен зафат откако на спиење, поради лош сон, го проголтала сопствениот веренички прстен.

Таа сонувала дека со вереникот Боби се на вечерен воз на кој има група негативци. Вереникот во сонот ја советувал дека треба да го проголта прстенот за негативците да не го одземат. Таа го ставила прстенот во уста, го проголтала и се напила чаша вода. Во тој момент се пробудила, сфатила дека се работи за сон и продолжила да спие.

Кога утрото се разбудила видела дека и го нема прстенот. Тогаш таа сфатила дека не баш се било сон.

„Го разбудив мојот вереник и му реков дека сум го проголтала прстенот. Мислам дека не ми поверува веднаш. Долго време се смеевме а потоа ѝ се јавивме на мојата мајка а тогаш уште посилно се смеевме“ раскажува Џена на својот Фејсбук профил.

Таа потоа отишла во болница каде што ја снимале и откриле дека навистина има прстен во нејзиниот стомак. Докторите ја успале Џена и со ендоскопија го извадиле прстенот кој му го дале на вереникот Боби.

Боби ѝ го дал прстенот на Џена а таа му ветила дека никогаш повеќе нема да го загуби.

Advertisements
To Top