Home Шоубизнис Призматичниот извор во Јелоустоун – фантазмагорично чудо на природата

Призматичниот извор во Јелоустоун – фантазмагорично чудо на природата

Станува збор за третиот најголем гејзер на светот, а неговите фасцинантни бои се последица на присуството на бактерии и алги.

10.2.prismatic-spring1

Сместен во националниот парк Јелоустоун во американската сојузна држава Вајоминг, големиот призматичен извор во светот е најпознат по исклучително топлата вода и неверојатната палета на бои.

10.2.prismatic-spring2

Откриен од група геолози во 1871 година, тој има дијаметар од 90 и длабочина од 50 метри и претставува најголем гејзер во САД.

Шарениот спектар бои, кој привлекува голем број туристи од целиот свет е последица на активностите на пигментираните термофилни бактерии, кои живеат во водата околу рабовите на изворот.

10.2.prismatic-spring3

10.2.prismatic-spring4

Боите кои ги создаваат бактериите ја одредуваат висината на температурта, а тие зависат од односот на хлорофил и каротеноид присутни во водата.

10.2.prismatic-spring5

10.2.prismatic-spring6

Во средината на гејзерот вода е толку многу топла, што дури ниту бактериите не можат да преживеат, а температурата постепено се намалува кон рабовите. Тоа воедно објаснува зошто многу жолтата, портокаловата и темно црвената боја се наоѓаат на рабовите, додека средината е во сина боја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис

Напишете коментар

Check Also

Синтија Ериво доби признание на есенската гала на Американскиот балетски театар

Актерката од „Wicked“ беше почесна гостинка на галата во Њујорк, каде што доби признание з…