
Хантер Шејфер сподели нови детали за операцијата за родово потврдување на гениталиите на која се подложила во декември минатата година.
Дваесет и седумгодишната ѕвезда на „Блејд Ранер 2099“ првпат откри дека ја направила интервенцијата во интервју минатиот месец. Сега, гостувајќи во поткастот „In Your Dreams With Owen Thiele“, зборуваше за болката, закрепнувањето и задоволството од резултатот.

Што подразбира оваа операција?
Според објаснувањето на клиниката „Мајо“, феминизирачката хирургија опфаќа зафати со кои телото подобро се усогласува со родовиот идентитет на лицето. Истражувањата покажале дека операциите за родово потврдување можат позитивно да влијаат врз благосостојбата и сексуалната функција.
Од клиниката појаснуваат дека операциите на гениталиите можат да вклучуваат отстранување на полови органи и создавање нови.
„Посакувам да го направев тоа порано“
На прашањето на водителот Овен Тил кога ја направила операцијата, Хантер одговори: „Во декември минатата година“.
Кога ја праша како се чувствува, таа рече: „Презадоволна сум… Посакувам да го направев тоа порано“.
Овен потоа ја праша дали било ужасно болно. Хантер призна дека било „многу тешко“ и додаде: „А и телото ти изгледа чудно во првите неколку месеци… Сега е прекрасно. Сега изгледа одлично“.
„Значи, сега си задоволна“, се надоврза водителот.
„Презадоволна сум. Боже, ова е огромна работа. Толку сум среќна… Да, животот многу ми се подобри. Едноставно сум посреќна. Летово првпат пливав гола во океан“, сподели Шејфер.
Извор: Just Jared