Home Шоубизнис Ема Хернан за нарушеното пријателство со Кришел Стаус: Ништо нема да биде како порано

Ема Хернан за нарушеното пријателство со Кришел Стаус: Ништо нема да биде како порано

Кришел Стаус и Ема Хернан на премиерата на „Гладијатор 2“

Ема Хернан проговори за односот со Кришел Стаус, повеќе од една година откако се распадна нивното пријателство.

Поранешните ѕвезди на Selling Sunset, кои нема да се вратат во десеттата сезона, со години беа блиски пријателки, сè додека момчето на Ема не застана меѓу нив.

Гостувајќи во подкастот Kaylor’s Crash Outs на Кејлор Мартин, позната од Love Island USA, Ема откри каков е нивниот однос денес.

Кришел Стаус, Ема Хернан, Бриана Тиези, Челси Лазкани и Аманза Смит на доделувањето на наградите „Креативни уметности Еми“ во 2024 година

„Не сме се слушнале, ниту сме разговарале. Во ред сме во таа смисла што едноставно нема да има разрешница меѓу нас, разбирате? Понекогаш штетата е веќе направена и кога некого премногу ќе го повредите, нема враќање назад… Таков е мојот став“, рече Ема.

„Никогаш нема да дојде момент кога сè ќе биде како порано. Знам дека сите ги интересира ова и мислам дека е во ред да се каже дека работите се такви какви што се. Сè се случи и се одвиваше така како што се одвиваше. Нејзе, а искрено и на сите други, им посакувам сè најдобро. Но, едноставно не можам да заборавам многу од работите низ кои лично морав да поминам поради сето тоа“, додаде таа.

Распадот на пријателството меѓу Ема и Кришел беше прикажан во деветтата сезона на Selling Sunset, иако на крајот од сезоната изгледаше дека се во добри односи. Во мај 2025 година, Кришел откри дека причината за разидувањето е Блејк Дејвис, момчето со кое Ема повеќепати раскинуваше и се смируваше.

Претходно годинава, Ема и Блејк раскинаа по жестока расправија, но само неколку месеци подоцна повторно беа заедно. Во октомври, Ема потврди дека нивната врска и натаму е стабилна.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Седум години брак: Вељко и Богдана Ражнатовиќ се потсетија на својата венчавка

Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја одбележуваат седмата годишнина од бракот. По тој повод, сино…