Home Шоубизнис Песна на Карли Реј Џепсен од 2015 година повторно хит благодарение на ГТА 6

Песна на Карли Реј Џепсен од 2015 година повторно хит благодарение на ГТА 6

Карли Реј Џепсен настапува на сцена

Песната „Run Away With Me“ на Карли Реј Џепсен повторно го привлекува вниманието на слушателите благодарение на видеоиграта „Grand Theft Auto 6“.

Песната од 2015 година на пејачката номинирана за Греми бележи нагло зголемување на бројот на стримувања откако беше вклучена во новата игра.

Профилот „Carly Rae Jepsen Charts“ на Икс објави дека на 21 ноември песната имала 170.245 стримувања, а на 22 ноември бројката достигнала 273.281. Тоа се нејзините најдобри дневни резултати во последните десет години.

Во кој дел од играта се слуша песната?

„Run Away With Me“ се слуша во мисијата „Day Release“, додека Лусија учествува во трка со водни скутери.

За што зборува „Run Away With Me“?

Карли Реј претходно го објасни значењето на песната.

„Песната е за тоа кога долго време сте разделени од некого и сакате максимално да го искористите единствениот викенд што го имате заедно. Сосема е романтична и не е баш како во реалниот живот, но токму во тоа има нешто волшебно“, рече таа.

Во дел од текстот, Карли Реј пее: „О, љубов (еј) / Одведи ме до тоа чувство (еј) / Тајно ќе бидам твоја грешница (еј) / Кога ќе се изгаснат светлата / Побегни со мене, побегни со мене“.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

По разводот, Џесика Алба треба да му исплати 577 илјади долари на Кеш Ворен

Џесика Алба треба да му исплати 577.481 долар на поранешниот сопруг Кеш Ворен, според судс…