Објавени се нови детали за пожарот на имотот на Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет Смит во Јужна Калифорнија. Шерифската станица Малибу/Лост Хилс, која е дел од Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес, во понеделникот, на 23 ноември, потврдила за Us Weekly дека пожарникарите интервенирале по пријава за пожар во објект на нивниот имот во Калабасас, вреден 42 милиони долари, околу 00:04 часот по локално време.
Page Six претходно објави дека околу полноќ на бројот 911 било пријавено оти гори помошен објект на имотот на двојката, кој се протега на 150 акри. Пожарот бил изгаснат во раните утрински часови во понеделникот.
Дел од аудиоснимката од комуникацијата со итните служби, објавен од медиумот, открива дополнителни информации за интервенцијата.
„Гори помошен објект, без ширење на огнот кон грмушестата вегетација“, се слуша како вели еден пожарникар, кој потоа наведува дека екипите веќе се на терен. Тој додава и дека степенот на тревога е намален и дека станува збор за пожар ограничен на објектот.
Us Weekly побарал коментар од претставниците на Смит и Пинкет Смит.
Актерот од „Луѓе во црно“, кој има 58 години, и 55-годишната Пинкет Смит неколкупати се соочиле со пожари откако се венчаа во декември 1997 година.
Двојката го купила земјиштето во Калабасас во 2003 година, а изградбата на нивната резиденција со 13 спални соби завршила во 2010 година. Тие ги имаат синот Џејден, 28, и ќерката Вилоу, 26. Смит го има и 34-годишниот син Треј од бракот со поранешната сопруга Шери Зампино.
Имотот повторно бил реновиран по пожарот во септември 2021 година, кој избувнал во подрумот и предизвикал оштетувања од чад. Подоцна, двојката морала да се евакуира за време на пожарот Палисејдс во јануари 2025 година, во кој биле уништени повеќе од 6.000 домови, деловни и други објекти.
Извор: US Weekly