Home Живот и здравје Фустаните со ампир-крој повторно во фокусот: елеганција што ја издолжува фигурата

Фустаните со ампир-крој повторно во фокусот: елеганција што ја издолжува фигурата

Фустаните со ампир-крој се модна класика што ги обединува женственоста, елеганцијата и силуетата што ѝ ласка на фигурата. Се препознаваат по тоа што се шират веднаш под градите, со што визуелно го издолжуваат телото, го истакнуваат неговиот горен дел и создаваат лесна, лелеава линија што го следи движењето. Иако нивната популарност се менува од сезона во сезона, тие секогаш наоѓаат место во гардеробата на жените што сакаат романтични, но и префинети комбинации.

Шармот на овој крој е во неговата едноставност. Наместо да ги следи струкот и колковите, фустанот има високо поставена линија на струкот, веднаш под градите, од каде што ткаенината слободно паѓа надолу. Така се добива впечаток на подолга силуета, без да се жртвуваат удобноста и слободата на движење. Токму затоа овој модел одговара за различни пригоди, од секојдневни излегувања до свечености.

Фустан со ампир-крој од H&M

Ампир-фустаните повторно го привлекуваат вниманието

Иако асоцираат на историската мода и на романтичната естетика, денешните ампир-фустани имаат многу посовремен изглед. Дизајнерите експериментираат со должините, ткаенините и деталите, па покрај класичните модели од лесни, лелеави материјали, има и минималистички верзии, како и фустани со тантела, набори, пуф-ракави или необични изрези. Особено впечатливи се миди и макси моделите, кои се вклопуваат во актуелната наклонетост кон женствени силуети. За дневни комбинации погодни се памукот и ленот, додека сатенот, шифонот и ткаенините со ненаметлив сјај лесно се вклопуваат во елегантен вечерен изглед.

Фустан со ампир-крој од Зара

Фустан со ампир-крој од Зара

Фустан со ампир-крој од H&M

Како да го комбинирате фустанот со ампир-крој?

Една од главните предности на оваа силуета е што лесно се приспособува на различни стилови. За лежерен дневен изглед, фустанот може да се носи со балетанки, рамни сандали или чизми до колена, зависно од сезоната. Плетена чанта и едноставен накит ќе ја нагласат романтичната нота, а кожена јакна или блејзер со јасно обликуван крој ќе внесат поурбан печат. За вечерни пригоди се издвојуваат моделите од сатен и од други елегантни материјали. Сандали со тенки ремчиња, мала чанта и впечатливи обетки се доволни за заокружена комбинација. За уште поиздолжена силуета, добар избор се чевли во нијанса блиска до бојата на кожата или со умерена потпетица.

Модна комбинација со ампир-фустан, @joann.rutkowska

Модна комбинација со ампир-фустан, @joann.rutkowska

Фустан со ампир-крој од Зара

На кого најмногу му прилега овој крој?

Фустаните со ампир-крој често им се препорачуваат на жените што сакаат визуелно да ја издолжат и истенчат фигурата, а притоа да го истакнат горниот дел од телото. Високо поставениот струк создава впечаток на подолги нозе, додека лелеавиот долен дел не ги оцртува колковите и стомакот како тесно прилепените модели. Сепак, најважно е кројот да одговара на градбата и пропорциите на телото, а материјалот убаво да паѓа.


Извор: Lepota i Zdravlje

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Три детали за спална соба со шарм на луксузен бутик-хотел

За спалната соба да добие изглед на елегантен хотелски апартман, не се неопходни скап мебе…