
Мајли Сајрус зад себе има повеќе љубовни врски, а многу од нив привлекуваа големо внимание во јавноста.
Особено се следеше нејзината врска со Лијам Хемсворт, со кого играше во филмот „Последната песна“. Во текот на десет години, двајцата повеќепати раскинуваа и се смируваа. Се свршија во мај 2012 година, а се венчаа во декември 2018 година. Конечната разделба следуваше во август 2019 година, додека разводот беше официјализиран во јануари 2020 година.
Извор: US Weekly