
Ерика Еленијак проговори за одлуката да се приклучи на OnlyFans претходно годинава и за финансиските тешкотии што ја поттикнале на тој чекор.
Педесет и седумгодишната актерка, која играше во првите три сезони на оригиналната серија „Чувари на плажата“, почнала да објавува на платформата во август и оттогаш остварува значителни приходи.
Во неодамнешно гостување во подкастот „Miss Understood“, таа раскажа како недостигот од актерски ангажмани ја довел во тешка финансиска состојба, но и какви содржини објавува на својот профил.

Еленијак објасни дека, пред да се реши за OnlyFans, минувала низ многу тежок период бидејќи можностите за работа речиси пресушиле.
„Тоа е постојана борба и навистина е стресно. Кога си под таков финансиски притисок, тоа некако те исцрпува. Исцрпувачки е да живееш со тој страв“, рече таа. „Ти станува непријатно, а се наоѓаш и во ситуација во која знаеш дека имаш одредени фиксни трошоци. Не е дека некои работи ти се под чест или се премногу срамни за тебе. Едноставно, со нив не можеш да ја платиш киријата. И тогаш си велиш: морам да заработувам одредена сума. Што да правам? Каде ќе заработам толку пари?“
На крајот отворила профил на OnlyFans, но претходно добро се информирала за платформата.
„Знам дека OnlyFans многу се промени“, рече актерката, објаснувајќи дека порано не ја интересирал, но денес го гледа како „неверојатна социјална платформа за комуникација со обожавателите“.
Таа додаде дека сега ја користат многу познати личности и дека е горда на промените низ кои поминала платформата.
„Ми се допаѓа. Мислам дека е многу забавно“, рече Еленијак. „Се одлучив за тоа затоа што претходно истражив. Знаев што претставува платформата денес и што се случува на неа.“
За содржините што ги објавува, вели дека се „забавни, малку провокативни работи од секојдневието“.
„Тоа се работите што ги правам во текот на денот. На пример, одам да купувам тикви. Или нешто што правам дома, како подготвување кафе“, објасни таа. „Не мора да се соблекувате голи, а јас не објавувам голотија… Идејата беше да почнам со фотографии од стапала, но сè речиси веднаш се разви во ова што е сега.“
Според неа, платформата ѝ овозможила да се зближи со обожавателите и директно да комуницира со нив.
Еленијак откри дека приходите од OnlyFans ѝ помогнале да избегне иселување од домот, иако биле потребни неколку месеци пред да може да ја плати киријата.
„Луѓето што беа надлежни за изнајмувањето навистина беа љубезни кон мене и ми излегоа во пресрет. Тоа беше вистински благослов“, рече таа.
TMZ неодамна објави дека Еленијак заработила речиси 300.000 долари во првите три месеци на OnlyFans и дека, со тоа темпо, би можела да достигне еден милион долари во првата година. Според извори блиски до актерката на кои се повикува медиумот, таа заработувала повеќе од 10.000 долари неделно уште набргу по отворањето на профилот.
Во изминатата година на OnlyFans се приклучија и други познати личности, меѓу кои Морган Ферчајлд, Ламар Одом, Дона Милс, Шенон Елизабет и Џејми Пресли.
Еленијак треба повторно да ја одигра својата улога од „Чувари на плажата“ во претстојната нова верзија на серијата на „Фокс“.
Извор: Just Jared