Home Шоубизнис Татјана Али за новата актерка во улогата на Рокси: „Ќе си помине прекрасно“

Татјана Али за новата актерка во улогата на Рокси: „Ќе си помине прекрасно“

Татјана Али во бел фустан со тенки прерамки на настан на „Хелоу саншајн“.

Татјана Али проговори за одлуката нејзиниот некогашен лик Роксана „Рокси“ Барингтон да се врати во „Млади и немирни“, но со друга актерка во улогата.

Али, која моментално се натпреварува во 35. сезона на „Танц со ѕвездите“, неколку години ја играше Рокси во сапуницата на Си-би-ес. Сега улогата ја презема Тетона Џексон.

Во разговор за „ТВ инсајдер“, Али рече дека, колку што ѝ е познато, никој од екипата на серијата не ја контактирал за повторно да ја толкува улогата.

Сепак, за Џексон имаше само пофални зборови, велејќи дека е сигурна оти таа е „одлична“.

„Во годините што ги поминав во ‘Млади и немирни’ бевме како мало семејство“, се присети Али. „Тетона ќе си помине прекрасно со Девон и семејството Винтерс. Тоа е навистина благослов!“

Али ја толкуваше Роксана од 2007 до 2013 година, појавувајќи се во 53 епизоди. Според последните случувања поврзани со ликот, Рокси го напуштила градот.

Покрај „Млади и немирни“, Али се појавила и во сериите „ЦИА“, „ФБИ“, „СВАТ“, „Сите мои деца“ и „Вил и Грејс“.

„Млади и немирни“ се емитува секој работен ден на Си-би-ес во 12:30 часот по источноамериканско и пацифичко време, а достапна е и на стриминг-платформата „Парамаунт плус“.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Бремената Емили Кајзер во солзи: Година и пол по смртта на синот Триг, болката не стивнува

Инфлуенсерката Емили Кајзер сподели колку ѝ недостига синот Триг, година и пол по неговата…