Home Шоубизнис Бремената Емили Кајзер во солзи: Година и пол по смртта на синот Триг, болката не стивнува

Бремената Емили Кајзер во солзи: Година и пол по смртта на синот Триг, болката не стивнува

Инфлуенсерката Емили Кајзер, која е бремена, отворено проговори за тагата по синот Триг, во пресрет на одбележувањето година и пол од неговата смрт.

„Плачев по целиот пат кон дома од фризер. Толку, толку многу ми недостига мојот Триги“, напиша 27-годишната Кајзер на фотографија објавена на нејзината инстаграм-приказна во вторникот, на 17 ноември.

На следната објава таа го покажа своето зацрвенето лице, гледајќи празно пред себе. „Навистина не сакам да им биде непријатно на другите. Понекогаш така се чувствувам кога плачам пред луѓе или кога се забележува дека сум плачела“, напиша таа. „Затоа сега избегнувам да влезам дома, бидејќи имам мајстори.“

Во претходна инстаграм-приказна Кајзер објасни дека, иако во објавите често изгледа ведро, „социјалните мрежи понекогаш прикажуваат лажна слика“. Призна дека и самата го прикрива она што навистина го чувствува и дека така ги поминува повеќето денови, „за мозокот да не ми се исклучи целосно“.

Објава на Емили Кајзер на инстаграм-приказна

Несреќата се случила на 12 мај 2025 година во семејниот дом во Аризона. Сопругот на Емили, Брејди Кајзер (30), и братчето на Триг, Теди, кој сега има 19 месеци, биле дома кога Триг бил извлечен без свест од базенот.

Полицајците што пристигнале на местото почнале со кардиопулмонална реанимација, по што пожарникарите ги презеле обидите за спасување. Триг потоа бил пренесен со хеликоптер во Детската болница во Феникс на понатамошно лекување. На 18 мај 2025 година, полицијата во Чендлер, Аризона, за Us Weekly потврдила дека момчето починало.

Емили ја објави сегашната бременост на Инстаграм на 3 јули. „Многу сме благодарни и возбудени што можеме да споделиме дека во нашето семејство ќе пристигне уште едно бебе. Оваа вест сè уште ни изгледа нереално, а веќе ни донесе толку многу светлина во некои од нашите најмрачни денови“, напиша тогаш таа.

„Како што кажав и минатата година, приватноста на моето семејство секогаш ќе ми биде приоритет. Затоа не сум сигурна колку ќе споделувам за оваа бременост и за следното поглавје од животот, но ви благодарам за разбирањето додека одредувам каде да ги поставам тие граници“, додаде Кајзер.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Татјана Али за новата актерка во улогата на Рокси: „Ќе си помине прекрасно“

Рокси Барингтон се враќа во „Млади и немирни“, но овојпат ќе ја игра Тетона Џексон. Татјан…