Морокан и Монро, 15-годишните близнаци на Мараја Кери и Ник Кенон, го поткачија својот татко поради неговите десет други деца во трејлерот за претстојното реално шоу на Нетфликс, Raising the Cannons.
„Можеби повторно ќе бевте заедно да ги немаше сите овие деца“, му вели Монро на Кенон додека се возат во автомобил.
Кери и Кенон официјално се разведоа во 2016 година и се договорија за заедничко старателство над Морокан и Монро. Оттогаш ги одгледуваат децата во добри односи.
Во трејлерот Кенон признава дека неговото „его“ го оддалечило од Кери.

По разводот, Кенон доби уште десет деца со пет жени: Голден Сагон, Пауерфул Квин и Рајз Месаја со Британи Бел; Зајон, Зилион и Бјутифул Цепелин со Аби де ла Роса; Леџендари Лав со Бре Тиеси; Оникс Ајс со Ланиша Кол; како и Хејло и Зен со Алиса Скот. Зен почина во декември 2021 година, на само петмесечна возраст.
Иако односите на Кенон со мајките на неговите деца се менувале низ годините, тој неодамна откри дека со Кери разговараат „речиси секој ден“.
„Успеавме некако да продолжиме понатаму, да останеме во добри односи и да бидеме најдобри родители што можеме“, изјави водителот на Masked Singer во септември за Us Weekly. „И до ден-денес разговараме речиси секој ден или секој втор ден, главно за децата.“
Кенон зборуваше и за начинот на кој Кери ја чува својата приватност.
„Таа знае како да ја зачува приватноста. Имате чувство дека ја познавате, дека ја разбирате, но сè што ѝ е навистина важно го задржува за себе“, рече тој.
Осврнувајќи се на лекциите од нивниот брак, Кенон додаде: „Научив толку многу. Секогаш велам дека Мараја Кери истовремено ми беше и најголема пријателка и најголема учителка. Ми покажа делови од светот што никогаш претходно не ги бев видел и што веројатно никогаш повеќе нема да ги видам.“
Raising the Cannons премиерно ќе се прикажува на Нетфликс од 18 декември.
Извор: US Weekly