
Шон Мендес и Бруна Маркезине беа забележани заедно на аеродром по престојот во Бразил.
Дваесет и осумгодишниот пејач на хитот „Stitches“ и 31-годишната ѕвезда на филмот „Blue Beetle“ беа фотографирани во понеделникот, на 16 ноември, на аеродромот Галеао во Рио де Жанеиро.


Бруна носеше припиена бела маица без ракави, широки сини фармерки, бели патики и сина бејзбол-капа. Комбинацијата ја надополни со плетена чанта за рамо во светлокафеава боја.
Шон избра опуштена комбинација со широк темносин џемпер, темни панталони и апостолки, а носеше и маслинестозелен ранец. Двајцата влечеа по еден светлокафеав куфер со тврда обвивка и тркалца.

Викенд на свадба во Фернандо де Нороња
Според Си-ен-ен Бразил, Шон и Бруна се враќале од Фернандо де Нороња, каде што биле гости на свадбата на Лео Фукс и Густаво Оливеира.
Двојката годинава повеќепати беше видена заедно. Во септември поминаа време во Милано за време на Модната недела, во период кога Шон се појави во нова кампања на „Гучи“.

Врската ја потврдија на Инстаграм летово
Шон и Бруна јавно ја потврдија врската на Инстаграм во текот на летото, преку објави со кои си ги честитаа родендените.

Шон неодамна јавно го поддржа и движењето „Слободна Палестина“.
Извор: Just Jared