Обожавателите на Џенифер Лопез ја поддржуваат и кога станува збор за нејзиниот љубовен живот. Во неделата, на 15 ноември, 57-годишната ѕвезда на „Office Romance“ доби неочекуван совет додека зборуваше за своите четири разводи на специјалната проекција на нејзиниот нов концертен филм „The JLo Show: Live in Las Vegas“, проследена со разговор со публиката.
Забавувана од коментарот на една обожавателка, Лопез ѝ одговори: „Да, имам!“
„Боже мој, ова е најсмешното нешто што сум го слушнала во животот“, продолжи таа. „Ова е за на маица — ‘Имам уште шест прсти’.“

Комичарката Ники Глејзер под објавата на Инстаграм напиша: „‘Уште шест прсти’ треба да ѝ биде следниот сингл“.
И други корисници ја пофалија поддршката што обожавателката ѝ ја даде на Лопез.
„Жени што поддржуваат жени 🙌😂❤️“, напиша една корисничка, а друга додаде: „Браво што го сврте ова на позитивно! ДА! 🔥👏“
Лопез беше во брак со актерот Охани Ноа од 1997 до 1998 година, со танчарот Крис Џад од 2001 до 2003 година, со пејачот Марк Ентони од 2004 до 2014 година и со актерот Бен Афлек од 2022 до 2025 година. Со Ентони ги има 18-годишните близнаци Макс и Еме.
Претходно годинава, пејачката на „On the Floor“ во гостување во емисијата „Good Morning America“ зборуваше за тоа како го пребродила разводот од 54-годишниот Афлек.
„Направив пауза од една година“, рече таа, објаснувајќи дека по разделбата морала „да запре со сè“.
„Откажав турнеи. Решив едноставно да останам дома и да се соочам со она што се случи, без да бегам од тоа преку работата, преку друга личност или преку што било друго. Само да останам со тоа“, раскажа Лопез.
„Стигнав до момент кога се запрашав: ‘Што се случува со тебе?’“, продолжи таа. „Не можев да обвинувам никој друг, бидејќи не мислам дека таму се крие поуката. Затоа навистина морав да се разберам себеси.“
Лопез додаде: „Се чувствувам како првпат во животот да сум слободна. Сама сум и чувството е навистина убаво. Не знаев како е тоа уште од раните дваесетти, а и пред тоа секогаш имав момче. Секогаш имаше некого во мојот живот, а и многу други нешта за кои чувствував дека се надвор од моја контрола. Стигнав до точка во која навистина си верувам и малку повеќе се ценам себеси.“
Извор: US Weekly