Home Шоубизнис Ноќен пожар пред домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: им се запалил џипот, огнот зафатил уште еден автомобил

Ноќен пожар пред домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: им се запалил џипот, огнот зафатил уште еден автомобил

Само неколку дена по гостувањето на концертот на Никола Роквиќ, Александра Пријовиќ се соочила со вознемирувачка случка пред својот дом на Бежаниска Коса. Во текот на ноќта се запалил луксузниот џип што го поседуваат со сопругот Филип Живојиновиќ, а огнот зафатил и друг автомобил паркиран во непосредна близина.

Според медиумските извештаи, џипот бил паркиран од спротивната страна на улицата, пред куќата во која пејачката живее со сопругот и децата. Набргу по избувнувањето на пожарот пристигнале полицајци и пожарникари, кои интервенирале за да го спречат ширењето на огнот.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Александра и Филип излегле од куќата и разговарале со полициските службеници. Како што пренесуваат медиумите, пејачката била видно потресена од случувањата, а сопругот цело време бил покрај неа и ѝ давал поддршка.

Засега нема официјални информации за причината за пожарот, ниту за тоа што му претходело.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Според објавените информации, опожареното возило е Jeep Wrangler Rubicon 2.0, модел препознатлив по робусниот изглед и теренските способности. Биле забележани оштетувања на предниот лев дел од возилото, вклучувајќи ги калникот, фарот, предната маска и браникот.

Покрај џипот на двојката, огнот го зафатил и автомобилот паркиран до него. Со интервенцијата на пожарникарите било спречено пожарот да се прошири и да предизвика уште поголема штета.

Истрагата треба да утврди што точно се случило во текот на ноќта на Бежаниска Коса и како избувнал пожарот. Околностите на настанот засега не се познати.


Извор: Story.rs

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Роузи О’Донел нарача фигуричка со внукот во прегратка, а синот ја нарече морничава

Роузи О’Донел сподели фотографија од фигуричка изработена според нејзина слика со внукот Е…