Тесните фармерки добија конкуренција во есенската гардероба на Кристен Бел. Актерката во својата најнова комбинација се одлучи за многу поопуштен крој, со долги ногавици што допираат до подот.
Станува збор за трендот познат како „падл џинс“, кај кој вишокот ткаенина се набира на долниот дел од ногавиците. Иако тесниот тексас и натаму има свое место во гардеробата, Бел со овој изглед ја истакна широката силуета како стилска алтернатива за есента.
Извор: US Weekly