Home Шоубизнис Пејџ Бекерс и Ази Фад раскинале пред повеќе од една година: „Драфтот нема врска со нашата врска“

Пејџ Бекерс и Ази Фад раскинале пред повеќе од една година: „Драфтот нема врска со нашата врска“

Пејџ Бекерс и Ази Фад по Олстар-натпреварот во ВНБА во јули 2025 година во Индијанаполис

Пејџ Бекерс и нејзината соиграчка од Далас вингс, Ази Фад, потврдија дека ја прекинале љубовната врска пред повеќе од една година.

Двете претходно играа заедно и на Универзитетот во Конектикат. Нивната врска повторно го привлече вниманието на јавноста кога Фад, на почетокот на годинава, беше избрана како прв пик на драфтот и му се приклучи на тимот на Бекерс. Далас вингс ја избра и Бекерс како прв пик на драфтот во ВНБА во 2025 година.

Сепак, тие денеска појаснија дека не се заедно веќе повеќе од една година.

Пејџ Бекерс и Ази Фад како кошаркарки на Универзитетот во Конектикат на натпревар во март 2025 година

„Пред да продолжиме со што било друго, Пејџ и јас сакаме да споделиме нешто со сите. Повеќе не сме заедно. Не знам како поинаку да го кажам тоа“, рече Фад во својот подкаст Fudd Around and Find Out.

Бекерс се надоврза: „Повеќе не сме заедно… Помина повеќе од една година“.

Ази Фад и Пејџ Бекерс во дресовите на Далас вингс на натпревар против Чикаго скај во мај 2026 година

Бекерс нагласи дека, и покрај раскинувањето, останале пријателки. Таа ги отфрли и тврдењата дека нивната врска влијаела врз изборот на Фад на драфтот.

„Не бевме заедно уште пред да биде избрана на драфтот. Затоа, може да им се стави крај на сите тие приказни“, рече Бекерс. „Не беше избрана затоа што ми беше девојка. Беше избрана затоа што го заслужи тоа. Таа е прекрасна личност и одлична кошаркарка. И сè уште сме пријателки. Во добри односи сме“.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Сања Кужет за воспитувањето на тројцата синови: „Со секое следно дете давав двојно помалку совети“

Сања Кужет раскажа како мајчинството го променило нејзиниот пристап кон воспитувањето на т…