
Мет Дејмон откри дека неговата сопруга Лусијана била оперирана од мозочна аневризма само една недела пред доделувањето на оскарите во 2024 година. И покрај тоа, таа собрала сили заедно да се појават на црвениот тепих на забавата на „Венити фер“ по церемонијата.
Актерот, кој има 56 години, и 50-годишната Лусијана се во брак од 2005 година и имаат четири ќерки: Алексија, 27, која е ќерка на Лусијана од претходен брак и поќерка на Мет, како и Изабела, 20, Џиа, 17, и Стела, 15.

Во интервјуто за изданието „Мажи на годината“ на Џи-кју, за чија насловна страница се фотографираше, Дејмон зборуваше за тоа што му останало жал што не присуствувал на оскарите кога триумфираше „Двојни игри“. Потоа се наврати на успехот на „Опенхајмер“ во 2024 година, кога тој и сопругата минувале низ тежок период поради нејзината операција.
„Мислам дека сите навистина беа сосредоточени на Мартин Скорсезе пред оскарите во 2007 година. Се сеќавам дека тогаш снимав со втората екипа на ‘Борновиот ултиматум’, па не отидов. Во тоа време живеев во Мајами и имавме бебе. Со сопругата Луси лежевме во кревет, ја гледавме церемонијата и бевме многу нервозни поради Марти. Кога победи, скокав низ спалната соба и се сеќавам колку бев возбуден. А потоа следуваше категоријата за најдобар филм и победи ‘Двојни игри’. Во тој момент сфатив дека воопшто не сум ни помислил дека тоа може да се случи“, раскажа актерот.
„Следниот пат кога се случи тоа беше со ‘Опенхајмер’, а ние минувавме низ една страшна ситуација — сопругата имаше мозочна аневризма“, продолжи Дејмон.

Тој нагласи дека Лусијана сега е сосема добро, но дека операцијата ја имала само една недела пред оскарите.
„Фала му на Бога, таа е сосема добро, но ја оперираа една недела пред оскарите. Таа вечер првпат се чувствуваше доволно добро за да стане и ѝ се врати енергијата. Ме изненади, си набави фустан и отидовме на забавата по церемонијата, бидејќи се сеќаваше дека претходниот пат не отидов“, рече тој.
„Ми рече: ‘Овој пат излегуваме’. Тоа беше еден навистина херојски потег од нејзина страна и многу ми значеше“, додаде Дејмон.
Сите фотографии во текстот се од таа вечер во 2024 година.
Дали Мет Дејмон ќе добие номинација за Оскар во 2027 година за „Одисеја“?
Извор: Just Jared