
Канје Вест ја имаше поддршката од семејството на вечерта кога ја претстави својата нова модна колекција.
Раперот, познат по хитот „All of the Lights“, на 49-годишна возраст ја претстави новата колекција на „Јизи“ во средата, на 4 ноември, во Лос Анџелес.
На ревијата присуствуваа сите негови четири деца: Норт (13), Сејнт (10), Чикаго (8) и Псалм (7). Контроверзниот рапер ги има децата од бракот со поранешната сопруга Ким Кардашијан, која истата вечер беше забележана во Њујорк во друштво на долгогодишен познат пријател.

Поддршка му даде и неговата сопруга Бјанка Ценсори, која на ревијата се појави во комбинезон со исклучително длабоко деколте.
Меѓу познатите гости беа и Биг Шон, Кинг Комбс, Ту Чејнз, Квенлин Блеквел, Кид Кади, Рич д Кид, АСАП Наст и Натали Нан.



Ревијата, насловена „Season 01“, го означи враќањето на „Јизи“ по четиригодишна пауза. Претходната модна ревија на Канје се одржа во Париз во 2022 година.
Наместо да чекорат по модна писта, моделите се движеа во круг околу голем бел рид.
Извор: Just Jared