Емисијата „Сабота навечер во живо“ му оддаде почит на Патрик Стјуарт по неговата смрт минатата недела, на 86-годишна возраст.
Хумористичното шоу на Ен-би-си повторно емитуваше кратка снимка од 5 февруари 1994 година, кога Стјуарт беше домаќин на емисијата. Во неа актерот со голем ентузијазам ги најавува музичките гости, групата „Солт-ен-Пепа“. Снимките од неговите две најави на музичките гости во шоуто станаа вирални.
Последниот филмски настап на легендарниот актер ќе биде прикажан во декември. Во „Avengers: Doomsday“ на „Марвел студиос“, Стјуарт повторно го игра професорот Чарлс Ксавиер од „Икс-мен“, како дел од актерска екипа со бројни ѕвезди.
Студиото, кое е во сопственост на „Дизни“, во четвртокот објави нова фотографија од Стјуарт како професорот Икс, придружена со соопштение во негова чест.
Извор: US Weekly