
Мараја Кери се „одмрзна“ и порача: „Време е!“
Пејачката точно на полноќ на 1 ноември го сподели своето традиционално видео на социјалните мрежи, означувајќи го почетокот на божиќната сезона веднаш по завршувањето на Ноќта на вештерките.
„ВРЕМЕ Е!!!!“, напиша таа покрај видеото.
Видеото почнува со натписот „Њујорк… 31 октомври“, по што следува одбројување од 23:58 часот. Камерата потоа влегува во мал бар во кој се одржува панк-рок свирка.
На сцената е Мараја, со впечатлива шминка во живи бои и панк-рок изглед.
Таа потоа скока од сцената кон публиката, а екранот се затемнува додека одбројувањето стигнува до полноќ. Мараја повторно се појавува во панк-издание и пее „Време е“, по што кадарот се менува и таа е веќе во празнична облека. Од врвот на огромна божиќна елка почнува да го пее својот препознатлив хит „All I Want for Christmas Is You“.
Песната првпат беше објавена во 1994 година, на нејзиниот прв божиќен албум, Merry Christmas. Секоја година повторно се враќа на топ-листите на „Билборд“, додека во текот на двата празнични месеца се слуша насекаде.
Со вкупно 22 недели на првото место, со прекини, на листата „Билборд Хот 100“, песната го држеше рекордот за најдолг престој на врвот во историјата на американската топ-листа. Претходно годинава тој рекорд го презеде „Choosin’ Texas“ на Ела Ленгли.
Извор: Just Jared