Home Шоубизнис Кендал Џенер го славеше роденденот со маскенбал во Лос Анџелес: Меѓу гостите и Ди Каприо

Кендал Џенер го славеше роденденот со маскенбал во Лос Анџелес: Меѓу гостите и Ди Каприо

Познати гости на роденденскиот маскенбал на Кендал Џенер

Кендал Џенер го прослави роденденот со забава за Ноќта на вештерките на која присуствуваа бројни познати личности.

Бидејќи роденденот ѝ е само неколку дена по Ноќта на вештерките, манекенката и ријалити-ѕвезда со години организира голем маскенбал. Традицијата ја продолжи и годинава.

Забавата се одржа во петокот вечерта, на 30 октомври, во ексклузивниот „Бар Мармон“ во Лос Анџелес.

Меѓу гостите беа Леонардо ди Каприо, Чарли Екс-Си-Екс, Тејт Мекреј и Кара Делевињ, како и многу други познати лица.

Кендал ќе наполни 31 година во вторник, на 3 ноември.

Алабама Баркер на забавата на Кендал Џенер

Алабама Баркер пристигна во секси костим на Дедо Мраз, инспириран од филмот „Злобни девојки“.

Лора Хариер на роденденскиот маскенбал

Лора Хариер за забавата избра костим на ѓавол.

Виторија Черети и Леонардо ди Каприо на забавата

Леонардо ди Каприо и неговата девојка Виторија Черети се појавија во костими инспирирани од бајката за Црвенкапа и големиот лош волк.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Роденден на Ноќта на вештерките: Кои познати личности се родени на 31 октомври?

Освен по маските, слатките и хорор-филмовите, 31 октомври е посебен и за повеќе познати ли…