Home Шоубизнис Хари Стајлс настапи како Елвис, а во публиката беа неговата свршеница Зои Кравиц и внуката на Присли

Хари Стајлс настапи како Елвис, а во публиката беа неговата свршеница Зои Кравиц и внуката на Присли

Хари Стајлс, Зои Кравиц и Рајли Кио

Хари Стајлс се преобрази во Елвис Присли за „Харивин“, а меѓу присутните беше и внуката на легендарниот пејач.

Триесет и двегодишниот пејач во петокот вечерта, на 30 октомври, го одржа првиот од двата концерта „Харивин“ во њујоршката арена „Медисон сквер гарден“.

За настапот во духот на Ноќта на вештерките, Хари избра бел комбинезон со светкави и разнобојни украси, дополнет со син плашт, по примерот на препознатливите сценски костими на Елвис.

Во публиката беше забележана неговата свршеница, 37-годишната Зои Кравиц. Таа беше маскирана како ѓавол, во црвена облека со рогови во истата боја.

Зои дојде со својата долгогодишна пријателка Рајли Кио, внуката на Елвис Присли, што му даде посебно значење на изборот на костимот на Хари.

На видеоснимките од арената се гледаат Зои и Рајли како од публиката го следат неговиот настап.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Роденден покрај море: Сања Папиќ ѝ приреди бајковита прослава на ќерката на Малдивите

Сања Папиќ сподели фотографии од роденденската прослава на ќерката Лара на Малдивите. Песо…