
Ванеса Хаџенс повторно е во студио за снимање и навести дека подготвува нова музика.
37-годишната актерка и пејачка во понеделникот вечерта, на 26 октомври, сподели објава на Инстаграм со која го најави своето враќање пред микрофонот.
„Баш ве интересира, нели…“, напиша таа покрај објавата, додавајќи емотикон со итра насмевка.
На првата фотографија Ванеса со таква насмевка позира зад микрофонот во кабината за снимање.
На вториот дел од објавата има видео на кое ужива во музиката. Сепак, на објавата додала друга песна, па не може да се слушне што снима.

Кога Ванеса Хаџенс последен пат објави нова музика?
Последните нови музички изведби од Ванеса беа во 2021 година, во филмската адаптација на мјузиклот Tick, Tick… Boom! Таа ги отпеа песните на Џонатан Ларсон застапени на саундтракот.
Надвор од саундтраците на мјузиклите во кои учествувала, нејзиното последно музичко појавување беше во песната „Lay with Me“.
Извор: Just Jared