Поранешниот член на „Трај гајс“, Нед Фулмер, му возврати на подкастерот Итан Клајн за неговите коментари за скандалот со неверството на Фулмер, кои повторно се најдоа во центарот на вниманието откако и Клајн беше обвинет дека ја изневерувал сопругата.
„Итан Клајн нека оди да се е*е“, напиша Фулмер (39) на Икс во неделата, на 25 октомври. Во следната објава додаде: „Кармата е кучка, а?“
Во петокот, на 23 октомври, сопругата на Итан и негова соводителка на „Х3 подкаст“, Хила Клајн, преку објава на Инстаграм јавно го обвини дека шест месеци имал афера. Двојката се венча во 2012 година и има три сина: Теодор (7), Брус (4) и Сани (2).
„Живеам во кошмар од кој не можам да се разбудам“, напиша Хила (38). „Мојот сопруг имал афера. Со месеци ми сервираше лага по лага. Ми здодеа од лаги. Еве ја вистината.“
Хила наведе дека чувствувала оти нешто не е во ред во нивната врска и дека се обидувала да му поставува прашања на Итан и да му каже што ја загрижува и повредува.
„Добивав одговори со кои ги отфрлаше моите грижи, а ништо не преземаше. Работите што ми пречеа продолжија да ми пречат, а тој не правеше ништо за тоа. Сепак, му верував. Затоа што го сакав“, напиша таа.
„На крајот го фатив во лага и знаев дека за мене е готово. Но лагите продолжија. Од ‘беше само бакнеж’ премина на ‘беше емоционално неверство’“, продолжи Хила. „Откако со мака ги извлекував признанијата од него, конечно призна дека имал афера повеќе од шест месеци. Сигурна сум дека сè уште не знам до каде одела.“
Итан се огласи во петокот преку стори на Инстаграм: „Знам дека многумина, сосема разбирливо, очекуваат мој коментар, но ве молам да ја почитувате приватноста на моето семејство и да не контактирате со нив за да ме барате мене или да барате нивни коментари.“
Извор: US Weekly