Home Шоубизнис Холанд Тејлор откри зошто по шест години одбила нов договор за „Два и пол мажи“

Холанд Тејлор откри зошто по шест години одбила нов договор за „Два и пол мажи“

Холанд Тејлор проговори за одлуката да не го обнови договорот за „Два и пол мажи“ по првите шест години и да продолжи да се појавува во серијата без договорна обврска.

Актерката, која има 83 години, ја играше Евелин Харпер, мајката на Чарли и Алан, во сите 12 сезони. По шестата година решила да го намали ангажманот, иако останала дел од главната актерска екипа до деветтата сезона. Во последните три сезони се појавувала повремено.

Холанд Тејлор на годишниот бранч на Центарот за третман на жртви на силување и Стјуарт хаус

Во подкастот „Alchemy with Anthony Mason“, Тејлор објасни што се сменило откако ѝ истекол договорот.

„Веќе не бев обврзана со договор. Со други зборови, ќе ме прашаа: ‘Можеш ли да гостуваш кон крајот на март?’, а јас ќе одговорев: ‘Не, не можам’. Се појавував само кога сакав“, рече таа.

На прашањето зошто решила да не го продолжи договорот, нагласи дека тоа било „апсолутно“ нејзин избор и дека една од причините бил нискиот хонорар.

„Всушност, беа вчудовидени, бидејќи кога ќе ви истече договорот, обично следува голема понуда. А мене никогаш не ме плаќаа особено добро во таа серија. Добивав ист хонорар како за една серија во која работев околу осум години претходно. Добив четири номинации за ‘Еми’, а никогаш не ми дадоа покачување. Обично го прават тоа, макар од куртоазија“, раскажа актерката.

Додаде дека „сакала многу нешта во таа серија, но не биле особено дарежливи со такви гестови“.

Актерската екипа на „Два и пол мажи“ на 35. доделување на наградите „Пиплс чојс“

„Кога поминаа шесте години, реков: ‘Не сакам повеќе да бидам под договор, но можам повремено да се појавувам во серијата, ако сакате’. Сепак, ја играв мајката на момците“, продолжи Тејлор.

„Им реков: ‘Не сакам повеќе да бидам под договор’. А тие ми одговорија: ‘Не можеме да ти дадеме повеќе пари’. Прво им реков: ‘Всушност, можете да ми исплатите сума колку што чини оваа зграда, но не трудете се, бидејќи не сакам да продолжам со договор’.“

Според неа, разговорот повторно се вратил на парите, иако таа веќе ја донела одлуката.

„Ми рекоа: ‘Но не можеме да си дозволиме да ти дадеме повеќе’. Одговорив: ‘Во ред е. Ќе се враќам одвреме-навреме како гостинка’. Можеа да платат, но поентата е дека јас не сакав. Само се обидуваа да избегнат да ми дадат некое позначајно покачување. Не знам, Џон Крајер си го зголеми хонорарот четирикратно или нешто слично. Тоа обично се случува кога ќе истече договорот“, рече таа.

За улогата во ситкомот на Си-би-ес, Тејлор доби четири номинации за наградата „Еми“ за најдобра споредна актерка во комедија — во 2005, 2007, 2008 и 2010 година.

Таа веќе имаше освоено „Еми“ пред да стане дел од „Два и пол мажи“. Во 1999 година беше наградена за најдобра споредна актерка во драмска серија за улогата во „The Practice“.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Тејлор Свифт, по сè изгледа, не присуствуваше на дуелот на Чифс со шампионот Сиетл

Тејлор Свифт, по сè изгледа, не отпатува во Сиетл за да го бодри сопругот Тревис Келси на …