Милица Тодоровиќ по раѓањето на синот Богдан го гледа животот на поинаков начин. Пејачката најголем дел од времето по породувањето го посвети на наследникот, а одлуката да направи пауза од јавноста и настапите и овозможи да ужива во првите месеци на мајчинството без брзање.
Шест месеци по станувањето мајка, Милица се врати на она што со години е нејзина работа и љубов – музиката и настапите. Последните два месеца повторно работи со полна пареа, а деловните обврски се се побројни. Сепак, враќањето на сцената донесе и нови предизвици, бидејќи сега секое патување е проследено со мисла на бебето кое ја чека дома.

-Секогаш кога одам од дома само на часовникот гледам. Нормално е детето да се разболи, не можеш да го држиш под стаклено ѕвоно, рече Милица.

-Знаеш, кога одиш кај психотерапевт – не знам дали си некогаш одела, јас одам редовно – веднаш почнувам да плачам“, искрено рече пејачката во емисијата „Stars TV Show“.
Тодоровиќ и претходно отворено зборуваше за тешките периоди низ кои поминувала, а овој пат уште еднаш покажа дека нема потреба да ги крие емоциите и темите кои длабоко ја погодуваат.
Милица Тодоровиќ призна дека целосно се препушта на емоциите
-Кога се заљубам, јас сум будала“, рече низ насмевка и истакна дека ова е прв пат во емисија да зборува за синот.
-Ова е прва емисија откако се породив во која толку зборувам за бебето. Ми беше тешко, никој не ме праша што е вистината, рече Милица која претходно призна дека не и е лесно да ја врати посакуваната тежина.
– Не е баш лесно, затоа што сè уште се враќам во форма, сè уште треба да изгубам и на тежина, хормоните сè уште работат, што е природно. Жените ќе разберат што се тоа хормони, но најтешко ми е што морам да се одвојам од бебето кога одам на концерт – рече Милица, па додаде:
– Тешко е, но тоа е мојот живот и мојата работа и тој ќе го разбере тоа кога ќе биде малку поголем. Успевам некако да ги усогласам сите свои обврски… Среќна сум.
Извор: Story.rs